Петерхансел: Дакар е само луда трка

0

Повеќекратниот победник на Релито „Дакар“, Стефан Петерхансел ги сподели своите очекувања пред претстојното ново издание на популарното рели.

„Дакар е само луда трка. Ние ја знаеме патеката многу добро, го познаваме нашиот автомобил, но скоро невозможно е да се предвиди што те чека на патот. Значи нашата главна цел е да завршиме. Лудо е да размислувате за победа. Досега 13 пати го завршив релито и се уште се прашувам како го направив тоа“, вели Петерхансел.

Новото издание на релито „Дакар“ тргнува на 7 јануари.

Share.

Leave A Reply