Петти обид да се освои европскиот трон

0

Ракометарките на ЖРК Вардар, денеска во Будимпешта ќе се обидат во својот петти настап да обезбедат уште едно финале на Ф4 турнирот од Лигата на шампионките. Во својата последна сезона во дресот на ЖРК Вардар, овие ракометарки под водство на Ирина Дибирова ќе се обидат да го остварат сонот и да ја вратат женската клупска ракометна круна во Скопје.

За пласман во финалето денеска „вардарки“ треба да го совладаат рускиот првак и дебитант Ф4 турнирит во ЛШ, Ростов Дон, а потоа и победникот од првото полуфинале, каде што силите ќе ги одмерат првакот за 2016 година, романски Букурешт и трикратниот шампион и актуелен бранител на титулата, унгарски Ѓер.

Денешниот дуел со Ростов, „вардарки“ го почнуваат од 18 часот, додека од 15.15 часот ќе се одигра првото полуфинале меѓу Букурешт и Ѓер.

Share.

Leave A Reply