Петто место за Белистојаноски на ЕП во Унгарија

0

Македонските каратисти вчера ги почнаа настапите на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Будмипешта. Добар настап имаше Матеј Белистојаноски кој во натпреварите во борби за кадети го освои 5. место во категоријата до 52 килограми.

Белистојаноски имаше голема шанса за медал, откако пропушти две шанси. Во полуфиналето и во репасажот во борбата за бронза не успеа да слави. Белистојаноски загуби идентично со 1:0 и во полуфиналето и во репасажот за бронзата.

Денеска продолжуваат борбите на шампионатот очекувајќи вести и за први освоени медали.

Share.

Leave A Reply