Пијеро: Јуве сега може да ја освои ЛШ

0

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пијеро, вели дека доаѓањето на Кристијано Роналдо во тимот од Торино ќе ја направи „старата дама“ супериорна и ќе ги натера другите екипи во Италија да се обидат да парираат со играчкиот ростер.

„Тоа што се случи е многу големо за Јуве и за италијанскиот фудбал. Денеска во целиот свет се зборува за Серија А, тоа доволно говори колку е голем Роналдо. Кристијано е неверојатен а најмногу ми се допаѓа неговата неуморна желба за победа“ вели Дел Пијеро.

„Јувентус сака да биде еден од најдобрите клубови во светот а со Роналдо може да ја освои Лигата на шампионите“-  вели легендарниот играч.

Share.

Leave A Reply