Пике: Кариерата ќе ја завршам во Барселона

0

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике изјави дека планира да ја заврши кариерата во сегашниот клуб.

„Последниот тим во мојата кариера ќе биде Барселона. Јас нема да играм за друг клуб, затоа што играм фудбал само затоа што цел живот сум навивач на Барса. За мене играњето за Барселона е мојот најголем сон. Сè додека се чувствувам силно и подготвено да играм, ќе продолжам да се појавувам на теренот. Штом ова ќе престане, ќе го напуштам фудбалот“, вели Пике.

Тој има договор со Барселона до 2022 година.

Share.

Leave A Reply