Пике не тренирал вчера, но ќе игра против Мајорка

0

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике, вчера не тренирал со своите соиграчи. Тој доби удар во коленото при еден судар со Витоло за време на дербито на Атлетико Мадрид.

Сепак, тренерскиот тим на Каталонците одлучи да не ризикува и го ослободи од вчерашниот тренинг. Пике е сигурен дека ќе игра против Мајорка на 7 декември. Пике учествуваше на 13 натпревари од досегашниот дел од сезоната во „Ла Лига“, постигнувајќи 1 гол, но заработи и 7 жолти картони. Повредените во Барса се Жорди Алба, Нелсон Семедо и Осман Дембеле.

Фудбалерите на Барселона ќе имаат слободен ден денес, а утре ќе продолжат со тренинзите. По победата на „Ванда Метрополитано“,  Барселона има 31 бод колку што има и Реал Мадрид. И двата тима исто така се со еден натпревар помалку од другите, оној одложениот кој треба да го играат меѓусебе на 18 декември.

Share.

Leave A Reply