Џордан Пикфорд може да го замени Давид де Геа во Манчестер Јунајтед доколку Шпанецот се определи да напушти англискиот клуб во текот на летото, соопштуваат денеска британските медиуми.
24-годишниот голман на Евертон и на англиската репрезентација, беше трансферна цел на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо додека течеше годинешниов Мундијал на кој Англичаните стигнаа до четвртото место. Договорот на Де Геа со Јунајтед кој истекува во текот на летото во 2019 година има опција и за автоматско продолжување за уште една сезона. Желбата на шпанскиот репрезентативец е да премине во италијанскиот Јувентус, пишува весникот „Сан“.
Раководството на 20-кратниот шампион на Англија е подготвено да му понуди нов договор на Де Геа со годишна плата од 16.45 милиони евра, но, голманот не сакал да остане на „Олд Трафорд”. Пикфорд дебитираше за Англија во 2017 година под водство на менаџерот Герет Саутгејт.