Французинот, Алексис Пинтуро, ја освои титулата во Светскиот куп во алпска комбинација. 27-годишниот скијач денеска на трката во Банско (Бугарија) направи предност од 0,68 стотинки во однос на седумкратниот шампион, Австриецот Марсел Хиршер. Третото место го освои Словенецот, Штефан Хадалин.
Што се однесува до Марко Шварц, кој му беше главен ривал на Пинтуро, тој се повреди во супер-џи и не настапи во слаломот. Пинтуро со денешната победа по петти пат му се израдува на малиот кристален глобус во алпска комбинација со што успеа да го изедначи рекордот на Норвежанецот, Кјетил Андре Омот.
Во генералниот пласман во алспко скијање, Хиршер е лидер со 1.328 бодови, Пинтуро е втор додека третата позиција ја има Хенрик Криштоферсен од Норвешка. Утре во Банско се вози шестиот сезонски супер-велеслалом.