Пинтуро најбрз на велеслаломот во Аделбоден

0

Французинот Алексис Пинтуро стигна до третата последователна победа во велеслалом оваа сезона, откако денеска го доби највисокото место на подиумот и на трката во Аделбоден. Тој имаше одлични две трки по кои со предност од 26 стотинки зад себе го остави феноменалниот хрватски скијач, Филип Зупчиќ.

Третото место му припадна на Лоик Мејлард од Швајцарија, кој задоцни повеќе од 1,5 секунда зад победникот. Трката ќе остане запаметена и по страшниот пад на Американскиот скијач Томи Форд во првото возење, по што мораше итно да биде пренесен во болница.

Share.

Leave A Reply