Пинтуро прикажа најмногу на денешната трка

0

Алексис Пинтуро од Франција имаше нов фантастичен настап на Светското првенство во алпски дисциплини кое се реализира во шведскио зимски центар Оре.

Тој го освои златниот медал во алпска комбинација откако постигна време од 1:47.41 минута. Второто место а со тоа и сребрениот медал го освои Стефан Хадалин од Словенија кој заостана 24 стотинки зад победникот додека бронзата ја однесе  Марко Шварц од Швајцарија кој имаше заостанување од 46 стотинки во однос на првопласираниот Пинтуро.

За Французинот тоа беше второ мундијалско злато бидејќи пред две години во Сент Мориц победи во екипна конкуренција.

Share.

Leave A Reply