Пирели ќе има доволно време да ги тестира гумите за дожд

0

Луѓето од Ферари се првите што ќе направат дополнителен тест на гумите на Пирели кои се специјализирани за влажни патеки. Италијанците за таа намена  на патеката „Фиоре“ во Италија ќе користат болид од сезоната 2015-та.

Пирели побараа  дополнителна сесија на која ќе се фокусираат на смесите за дожд. Иако автомобилите за 2015 година се со различна големина на гуми и со понискo ниво на притисок, италијанскиот производител проценил дека тоа нема да попречи на неговата работа.

Сега претстојат два теста – со Ред Бул на 31 мај и на 01 јуни на патеката „Пол Рикар“ како и со Мекларен на „Маникур“ на 19 и 20 јули. Дополнителниот тест со Ферари ќе биде на 02 јуни.

 

Share.

Leave A Reply