Андреа Пирло кој го наследи отпуштениот Маурицио Сари на клупата на Јувентус, планира да се ослободи од поголем број на фудбалери кои ќе бидат ставени на трансфер-листата, објавија денеска медиумите во Италија.
Според наведеното, нова средина ќе треба да си побараат: Гонзало Игуаин, Алекс Сандро, Сами Кедира, Блез Матуиди, Арон Ремзи, Федерико Бернардески, Матиа Де Шилјо, Даниеле Ругани, Даглас Коста и Данило.
Пирло пред да седне на кормилото на „старата дама“ работеше во младинскиот погон на клубот од Торино.