Пирло: „Рабио не е свесен каков потенцијал има во него“

0

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло по натпреварот од 8. коло на италијанскиот шампионат со Каљари (2:0) го пофали играчкото ниво на својот фудбалер, Адриен Рабио .

„Рабио е разноврсен играч. Не сум видел често некој да биде толку силен физички и технички. Тој дури и не знае каков потенцијал има во него. Ние работиме со него на психолошки аспект, така што тој треба да знае дека е шампион. Рабио е се подобар со секој одигран натпревар“, изјави Пирло за „Sky Sport Italia“.

Јувентус освои 16 поени за осум кола и се најде на второто место на табелата на италијанската Серија А. Лидер е Милан, со 17 поени од седум одиграни натпревари.

Share.

Leave A Reply