Пирсон не може да го издржи напорот

0

Атлетичарката од Австралија, Сали Пирсон, објави дека се повлекува од спортот бидејќи нејзиното тело соочено со неколку повреди не може да го издржи напорот.

Олимписката и воедно светска шампионка на 100 метри со пречки, дефинитивно нема да се појави на наредните игри и нема да го брани златниот медал од Лондон.

„Цели 16 години сум во репрезентација. Моето тело не може да го издржи напорот. Имав шесте повреди за кои никој не знае а треба да тренирам напорно и уште една година за Олимписки игри, знам дека моето тело не може да го издржи тоа“ – потенцираше Пирсон.

Share.

Leave A Reply