Во сабота во Скопје ќе се сретнат двете непоразени екипи од групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите, Вардар го пречекува Кил во СЦ „Јане Сандански“.
Вардар како актуелен шампион на Европа ја има фаворитската улога, но овие две екипи се сретнаа пред официјланиот старт на сезоната на Супер Глобал кога побед Кил. Самиот натпревар на прес-конференција го најави предводникот на „црвено-црните“, Давид Писонеро.
„Мислам дека ова е еден од најважните натпревари во досегашниот дел од сезонава. Ова е натпревар на сезоната за нас! Првиот дуел со Монпеље беше најважен зошто беше прв за нас и за Монпеље, но сега е поинаку, прв голем меч дома. Не чека тежок дуел, Кил се наоѓа во одлична форма. Гледав неколку натпревари од нив и мислам дека сега се уште подобри од оној наш дуел на Супер Глоуб. Не победија тогаш, но и ние ја подигнавме формата од тогаш до сега. Очекувам голема поддршка од домашната публика, играме на домашен терен, затоа и се чувствувам возбудено како Македонец“, рече стратегот на Вардар, Давид Писонеро.
Мечот меѓу Вардар и Кил се игра во СЦ „Јане Сандански“ в сабота со почеток од 17:30 часот.