Писонеро: Порто е незгоден тим, но мораме до победа

0

Пред неделната пресметка со Порто во 2. Коло од Лигата на шампионите, денеска на прес-конференција, тренерот на „црвено-црните“, Давид Писонеро, вели дека победата над Португалците е императив, затоа што во спротивни ќе пропадне онаа победа остварена на првиот дуел со Монпелје на гостински терен.

„Ова важен меч за нас. По победата против Монпеље, ова се значајни бода, па оние на гостински терен нема да имаат значење доколку не победиме. Ќе биде тежок меч, против нас имаме еден од најдобрите тимови кои играат најдобро седум на шест во светот. Играат многу добро, не играме често против таква екипа ќе видиме како ќе биде, ние не сме навикнати на таква игра, тоа се случува на крајот на една средба“, вели Шпанецот.

Дуелот меѓу Вардар и Порто е на програмата в недела од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Share.

Leave A Reply