Тренерот на кошаркарите на Панатинаикос, Рик Питино, кој има искуство од НБА лигата и од колеџ-шампионатот, вели дека Евролигата е многу слична на универзитетско првенство на САД.
„ Разликата е во тоа што во Евролигата има 30-годишни зрели мажи кои добиваат плати а навивачите многу жртвуваат за да ги гледаат натпреварите“ – потенцирал 66-годишниот тренер.
Неговиот тим во елиминациите во Евролигата ќе излезе на мегдан со актуелниот европски клупски првак – Реал (Мадрид).