Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги негираше шпекулациите низ медиумите дека е заинтересиран за играчот на Јувентус, Миралем Пјаниќ.
„Никогаш не сум размислувал за Пјаниќ, тој е добар играч. На неговата позиција имам квалитетни фудбалери и затоа немам намера да испратам понуда за него. Ќе видиме дали ќе купиме уште нови играчи во текот на летово“ – вели шпанскиот стратег кој успеа да го ангажира Ријад Марез.
Што се однесува до Пјаниќ, челниците на Јувентус се расположени да го ослободат од обврските доколку некој плати 100 милиони евра.