Платини по цел ден во полиција, пуштен од притвор

0

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој вчера сведочеше пред француските власти, доби дозвола да си оди дома. Во вторникот фудбалската легенда беше повикан да даде исказ пред полицијата во врска со сомневањата за корупција во врска со изборот на Катар за домаќин на Светското првенство во 2022 година.

По цел ден поминат во полиција, дури синоќа Платини беше пуштен од притвор.

Изборот на арапската земја за домаќин на СП 2022 година предизвика многу критики од експертите и од медиумите, поради несоодветноста на земјата за организација на ваков настан. Ова не е прво обвинение против Платини, кој има забрана до 2023 година да учествува во сите фудбалски активности, откако беше прогласен за виновен за добивање на надомест во вредност од 2 милиони швајцарски франци како прв човек на европската куќа на фудбалот.

Share.

Leave A Reply