Плеј-офот во НХЛ лигата може да се одигра со 24 екипи

0

Извршниот одбор на Здружението на играчи на Националната хокеј лига на САД и Канада ќе предложи 24 екипи да учествуваат во плеј-офот оваа сезона, објави Асошиејтед Прес.

Резултатите од гласањето се очекува да бидат објавени подоцна. Дури и ако се прифати овој предлог, тоа не значи автоматски дека сезоната во најсилната хокеј лига во светот ќе продолжи, но тоа ќе биде голем чекор во таа насока. За да се случи ова, синдикатот на играчи мора да се согласи со раководството на лигата за различни детали, вклучително и здравствени протоколи.

Според предлогот, остатокот од регуларната сезона нема да се одигра, туку ќе се оди директно во систем со плеј-оф, во кој ќе учествуваат 12 екипи од конференција. Првите четири според пласманот – Бостон, Тампа Беј, Вашингтон и Филаделфија на Исток и Сент Луис, Колорадо, Вегас и Далас на Запад ќе одмораат во првата рунда на елиминации.

Во него ќе настапат Питсбург, Каролина, Њујорк Ајландерс, Њујорк Ренџерс, Торонто, Колумбос, Флорида и Монтреал од Источната конференција и Едмонтон, Нешвил, Ванкувер, Калгари, Винипег, Минесота, Аризона и Чикаго од Западната конференција. Во првото коло елиминациите ќе се играат до 3 победи од 5 натпревари, по што плеј-офот ќе продолжи во стандарден формат до 4 победи од 7 натпревари.

Share.

Leave A Reply