Плоскина доби ригорозна казна

0

Тенисерката од Украина, Хелен Плоскина, поради учество во договорени мечеви доби доживотно забрана да игра професионално тенис а ќе мора да плати и парична казна од 20 илјади долари.

Младата тенисерка била дел од шемата на нелегални активности во октомври во 2016 година. Истрагата утврдила дека 22-годишната тенисерка е виновна бидејќи го прикривала учеството во договорените мечеви се со цел да се стекне со одредени финансики бенефити.

Плоскина е ќерка на покојниот, Владимир Плоскин,  кој е легенда на Украинскиот фудбал од 70-тите и 80-тите години на минатиот век.

Share.

Leave A Reply