Со плус 8 одиме во Клуж

0

Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди одлична предност по првиот меч од баражот за пласман на СП 2019 против Романија во Скопје. На дуелот вечерва, избраниците на Раул Гонзалес славеа со 32-24 и сега се на пат да одиграат прилично мирен меч на гости во Клуж во среда.

Македонија лошо го отвори мечот со негатива од 2-0, но потоа следуваше серија за предност од 7-2. До крајот на полувремето ја одржувавме предноста која на одмор не однесе со 15-10.

Не отстапивме од нашата игра и во вториот дел, за на крајот да извојуваме посакуван триумф. Во еден дел од мечот стигнавме и до 10 гола разлика, но Романците успеваа да намалат и да ја одржат негативата на 7-8 гола. Во нашата репрезентација најефикасни беа Кире Лазаров со 8 и Манасков со 6 гола, а одличен на голот беше Борко Ристовски со 13 интервенции.

Share.

Leave A Reply