По 12 години, Мареј не е прв рекет на Британија

0

За првпат по цели 12 години, Енди Мареј не е прв рекет на Велика Британија. На денеска објавената најнова АТП листа, Шкотланѓанецот се најде на 29. место, што му даде шанса на Кајл Едмунд да се пробие на едно од погорните места и да стане и официјално првиот британски рекет.

Едмунд е рангиран на 24. место на АТП листата. 30-годишниот Мареј беше прв рекет на Велика Британија 608 недели.

Инаку, Шкотланѓанецот и натаму продолжува да се опоравува од операцијата на колкот. Неговото враќање е одложено до крајот на мај или почетокот на јуни.

Share.

Leave A Reply