По две кола почнаа тренерските смени во Бундеслигата

0

Само две кола требаше да се одиграат во Бундеслигата за да почнат смените на тренерските позиции. Најнапред Шалке 04 синоќа информираше дека ја раскина соработката со Давид Вагнер, од денес уште една екипа е во потрага по нов тренер.

Раководството на Мајнц 05 потврди дека тренерот Ахим Бајерлорцер поради лошите резултати на стартот од сезоната и официјално го напушта тимот и добива отказ.

Бајерлорцер на клупата на Мајнц седна кон крајот на минатата сезона и за краток период успеа да го стабилизира тимот, но лошиот старт во новата сезона и поразите од Штутгарт и Лајпциг беа причина за негов експресен отказ.

Она што е поразително за Мајнц е тоа што во првите две кола од германскиот шампионат прими дури седум гола и постигна само два, а полош скор од нив има само Шалке со 1 постигнат и дури 11 примени голови.

Share.

Leave A Reply