По хаосот на патеката во Тоскана, Хамилтон забележа нова победа

0

Британецот, Луис Хамилтон, стигна до 90-та победа во кариерата во Формула 1 со што се доближи на само една до рекордот на Михаел Шумахер. Возачот на Мерцедес победи на патеката во Муџело пред клупскиот колега Валтери Ботас и членот на Рејсинг Ред Бул, Александер Албон.

Бодови денеска уште освоија и Даниел Рикардо во Рено, Серхио Перез (Рејсинг поинт), Лендо Норис (Мекларен), Данил Квјат (Алфа Таури), Кими Раиконен (Алфа Ромео) и членовите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.

Трката за Големата награда на Италија која се возеше на патеката Муџело беше прекината два пати во првите шест круга поради големи инциденти. По нив патеката мораа да ја напуштат: Макс Верстапен, Карлос Саинс, Антонио Џовинаџи, Кевин Магнусен и Николас Латифи.

Share.

Leave A Reply