Победа без значење за кошаркарите

0

Нашите најдобри кошаркари остварија пирова победа на мечот со Естонија со 86:84  и го завршија патот кон Европското првенство.

Во решавачкиот меч на турнирот во Перм, избраниците на Тодоров не успеаја да обезбедат најмалку двоцифрена предност за да одат на континтелниот собир.

Ненад Димитријевиќ беше предводник на Македонија со 23 поена и 5 асистенции пред Трајковски со 21 кош и 6 скокови. Џејкоб Вајли оствари дабл-дабл ефект со 18 поени и 14 скокови.

 

Share.

Leave A Reply