Победа над Целје е задолжителна

0

Во битката да се остане на врвот на табелата во групата, ракометарите на Вардар денеска во Скопје го пречекуваат тимот на Целје во нов меч од Лигата на шампионите. До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите Вардар има уште три натпревари кои треба да ги победи за да заврши на првото место и да обезбеди директен пласман во четвртфиналето.

Денеска Вардар влегува како голем фаворит против словенечкиот шампион, но играта на Целје на последните средби и особено победата над европскиот шампион Киелце во минатото коло треба да биде добра опомена за момците на Раул Гонзалес.

Натпреварот ќе го суди летонската судиска двојка, Зигмарс Сондорос и Ренарс Личис, делегат е Марек Горалчук од Полска. Средбата почнува од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Share.

Leave A Reply