Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска од 18.00 часот во СЦ Јане Сандански ќе го пречекаат составот на Приморска во рамките на финалната серија во АБА 2 лигата.
Првите два меча на теренот во Копер му припаднаа на домаќинот што значи дека популарните „штркови“ немаат право на грешка бидејќи финалната серија се игра до три победи. Доколку кошаркарите на Кочов успеат да слават на денешниот меч, утре на истата локација ќе биде реализирана и четвртата средба. Доколку резултатот во победи биде нерешен 2-2 , тогаш мајсторката за влегување во АБА лигата ќе се одигра на теренот на Приморска.
Според правилата, тимот кој ќе загуби во финалето ќе има уште една шанса да направи прогрес во посилната конкуренција во Јадранската лига. Тоа ќе биде преку баражот со Задар.