Кире Лазаров иако е задоволен од победата против Јапонија на стартот на возбудувањата во групата „Б“ во Минхен, потенцира дека разликата од девет голови не ги покажува реалните случувања на теренот.
„Лично не ми се допаднаа одредени работи, неколку неодговорни шутеви во моментите кога обезбедувавме посолидна предност. Сепак, сите знаеме дека имаме подмладена репрезентација и дека такви работи ќе се случуваат“ – вели нашиот капитен.
„Сега ќе размислуваме за наредниот меч, ќе одиме чекор по чекор за да дојдеме до посакуваната втора фаза. Мислам дека мечот со Бахреин нема да помине лесно“ – заврши Кире Лазаров по денешната прва победа на Светското првенство во Германија и Данска.