Победи за Чешка и Австралија за чекор поблизу до четврфиналето на СП

0

Изненадувањето на стартот на денот на СП во Кина го приредија кошаркарите на Чешка, кои успеаја да го совладаат Бразил со 93-71 и со тоа да дојдат на чекор до четврфиналето на Мундобаксетот.

Чесите и денеска го имаа одлично расположениот Саторански кој за близу 30 минути на паркетот постигна 20 поени, а одлична партија имаа и Балвин (15) и Ауда (14) кои не им оставија шанса на Бразилците да се надеваат на успех.

Австралија, пак во последна четврфтина го скрши отпорот на Доминиканската република и стигна до победа од 82:76, Фантастичниот тандем Ландли – Милс во последната четвртина и ја обезбеди победата на Австралија. Кај Австралија Милс со 19 поени беше најефикасен на паркетот. 

Share.

Leave A Reply