Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, ја санирал повредата и може да се појави на саботниот меч со Вест Хем во рамките на Премиер лигата на Англија.Тоа го најави и неговиот тренер, Почетино.
„Кристијан е подготвен да тренира и да игра. Ќе решиме в саботата дали ќе биде стартер или ќе остане на клупата” – изјави Маурисио Почетино.
„Ќе биде тежок месец за нас бидејќи ќе имаме многу дерби натпревари. Значајно е да го имаме на располагање речиси целиот тим за да можеме да правиме ротации. Морам да ги потсетам сите дека го имаме најдобриот почеток во Премиер Лига. Сакаме да продолжиме да се бориме бидејќи сме близу до првото место” – рече Почетино.