Маурицио Почетино кој заработи отказ од Тотенхем и доби поголема сума на пари, ќе мора да врати еден дел во касата на „Спарси“ доколку преземе друг тим кој настапува во фудбалската Премиер лигата на Англија.
Имено, искусниот стратег иако ја прекина соработката ќе мора да испочитува една од клаузулите која е валидна до наредното лето. Доколку Почетино преземе друга англиска екипа ќе мора да му плати на Тотенхем точно 14,5 милиони евра.
Тоа значи дека аргентинскиот тренер најверојатно ќе се обиде да пронајде состав надвор од Островот а како можна дестинација се споменува Баерн Минхен кој моментално го води Ханс Флик кој му беше помошник на Нико Ковач.