Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, јасно стави до знаење дека ја има поддршката од претседателот на клубот, Даниел Леви.
Финалистот во Лигата на шампионите од претходната сезона сега се наоѓа дури на деветтата позиција во Премиер лигата. Тоа на некој начин ги донесе првите шпекулации дека тренерот може да биде заменет.
„Јас секогаш му кажувам на Леви дека го имам како пријател, иако тој е мојот шеф. Треба да учиме од нашите грешки. Секогаш треба да ги прифатите резултатите со достоинство без оглед дали се добри или лоши “ – изјави аргентинскиот стратег кој е дел од тренерската конференција во Катар.