Почетино покажа дека се грижи за младите фудбалери

0

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, вклучил во тренингот на првотимците дури осум 16-годишни фудбалери кои се активни во школата на лондончани.

„На тренингот во средата  учествуваа фудбалери од нашата Академија. Кога јас пристигнав во клубот ако имаше 17 или 18-годишни играчи кои тренираа со првиот тим тоа се гледаше како чудо. Сега дури осум 16-годишни момчиња работеа со првиот состав. Тие не се блиску до првиот тим, но, за нив е тоа  ексклузивно искуство. Добро е што имаме таленти иако ќе ни треба време за да им помогнеме да го достигнат највисокото ниво “, изјави Почетино.

Тренерот од Аргентина е познат дека сака да работи со младите фудбалери и затоа не изнеандува неговиот потег да ги вклучи на тренинзите и тие што се активни во школата на Тотенхем.

Share.

Leave A Reply