Првите луѓе на Тотенхем откако го продадоа Кејран Трипие во Атлетико Мадрид, сега се обидуваат да пронајдат адекватна замена. Според најавите на англиските медиуми, „Спарси“ ќе испратат понуда за фудбалерот на Наполи, Елсај Хисаи.
25-годишниот Албанец кој беше купен во 2015 година од екипата на Емполи, многу брзо успеа да се наметне за првата постава во италијанскиот тим. За неговите услуги претходно бил заинтересиран и составот на Челзи, но, понудата од 37 милиони фунти бил одбиена.
Сега ситуацијата е различна бидејќи Хисаи објави дека сака да направи трансфер и дека неговата цена е околу 25 милиони евра. Затоа тренерот на Тотенхем, Маурицио Почетино, најавил дека сака да го донесе во Премиер лигата.