Почетино: „Треба да го повториме овој настап и на реваншот“

0

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино ги пофали своите фудбалери по победата над Баерн Минхен со 3:2 на првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“. Сепак, тој предупреди дека неговиот тим мора да ја прикаже истата игра и на реваншот доколку сака да оди во следната фаза.

„Задоволен сум од резултатот и од односот на тимот. Излеговме од тешка ситуација против најдобриот тим во Европа. Им честитам на играчите за пожртвуваноста. Мораме да го повториме овој учинок на реванш натпреварот“, рече Покетино.

„Лесно е да ги објасните вашите одлуки кога ќе победите. Тогаш сите велат дека сте ја направиле вистинската работа. Секоја чест за играчите. Нивната класа е она што треба да го потенцираме. Тие се жртвуваа на теренот, но не смеат да заборават дека има реванш кој нема да биде полесен“, додаде Аргентинецот.

Share.

Leave A Reply