Почнува 47. „Златен Гонг“

0

Меѓународната боксерска ревија „Златен гонг“ по 47-ми пат денеска стартува во Скопје. Натпреварите ќе се одржуваат во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, а се очекуваат квалитетни борби со учество на боксери од 7 земји.

Натпреварите попладнево ќе започнат со полуфиналните борби од 16:00 часот, додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи од 17:30 часот. Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено за 14:00 часот.

Share.

Leave A Reply