Почнува 7. издание на „Скопје Ајс Фестивал“

0

Од денеска до несела на лизгалиштето на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одржи 7. традиционален турнир во хокеј „Скопје Ајс Фестивал“, чиј домаќин ќе биде Металург.

На турнирот покрај домаќинот ќе учествуваат уште Торпедо Букурешт од Романија, Славија Софија од Бугарија и Спартак Суботица од Србија.

Турнирот почнува вечерва од 18.30 часот со дуелот меѓу Металург и Торпедо, а од 20 часот ќе се пресметаат Славија Софија и Спартак Суботица.

Инаку, минатогодишен освојувач на традиционалниот турнир е Рајман од Германија.

Share.

Leave A Reply