Почнува разврската во групата 2 на ЕП во ракомет

0

На Европското првенство во ракомет денес не очекуваат натпревари од групата 2 која се игра во Малме, Шведска, а по ова коло може да бидат разрешени неколку дилеми оклу полуфиналните патници во Стокхолм.

Од 16 часот селекцијата на Португалија игра против Словенија, директна пресметка меѓу овие две селекции, тимот кој ќе победи ќе има поголеми шанси за полуфинале, но за Португалија ќе биде важно што ќе направи Унгарија на мечот против Шведска кој се игра вечерва од 20.30 часот.

Во терминот од 18.15 селекцијата на Норвешка која е фаворит игра против Исланд, но дека репрезентацијата на Исланд не смее пред натпреварот да се отпше покажа нивниот меч со Португалија кој го добија со 28:25.

Сепак некои работи ќе бидат познати по вечерашните натпревари, а Хрватска и Шпанија со внимание ги очекуваат своите можни противници во полуфиналето на ова ЕП.

Share.

Leave A Reply