Почнува светското ракометно првенство во Франција

0

Со натпреварот меѓу репрезентациите на Франција и Бразил, вечерва стартува светското ракометно првенство во машка конкуренција. Актуелниот светски шампион од пред две години во Катар, пред своја публика тргнува во одбрана на титулата, додека Бразилците ќе се обидат да го постигнат својот најдобар резултат на мундијалите, подобар од она 13. место на СП во 2013 година, што досега е најдобро нивно постигнување.

Македонија својот настап го почнува утре со мечот против селекцијата на Тунис. Нашите ракометари се во групата „Б“ заедно со селекциите на Шпанија, Словенија, Исланд, Ангола и Тунис во битка за едно од првите четири места кои водат во следната фаза.

За нас најдобриот пласман на светските шампионати беше 9. место на минатото СП во Катар пред две години. Овој пат подмладениот тим на Лино Червар ќе се обиде најпрво да се пласира во осминафиналето, а потоа ќе размислува и за следните предизвици.

Share.

Leave A Reply