Денеска и официјално стартува Куп завршницата во женска конкуренција.
Трката за трофејот „Благоја Георгиевски Буштур“ во женска конкуренција денеска почнува со полуфиналните дуели меѓу бранител на тронот Вардар и екипата на Баскет Кам 2011 во 17 часот, а претходно во првото полуфинале од 14 часот ќе играат Бадел и Крива Паланка.
Финалето е закажано за во недела (17 часот).