Поци : не верував дека го освоив златото

0

Ендрју Поци ја освои светската титула на патеката 60 метри со пречки на собирот во Бирмингем откако оствари време од 7.46 секунди или за само една стотинка беше побрз од носителот на сребрениот медал, Џарет Џитон (САД).

„Искрено, не знаев дека победив. Знаев дека сум зад него во поголемиот дел од трката. Го фокусирав вниманието на контролната табла бидејќи понекогаш резултатот одеднаш се појавува. Со Џарет разговаравме кој победи пред да го видиме фото-финишот“ – изјави Поци.

„Беше вистинско задоволство кога дознав дека сум победил, едноставно само гледав кон семејството и пријателите во публиката“ вели атлетичарот од Велика Британија.

Share.

Leave A Reply