Поци потврди дека ќе трча во Лондон

0

Светскиот шампион на 60 метри со пречки, Ендрју Поци (Велика Британија) ќе се соочи во директна битка со светскиот и олимписки шампион на 110 м / пр Омар Меклауд (Јамајка) на митингот во  Лондон на 20 и 21 јули кој е дел од Дијамантската лига.

Трката на Олимпискиот стадион ќе се случи на точно десет недели пред Светското првенство во Доха (28 септември – 6 октомври). Тоа ќе биде прва трка за Поци на домашната сцена на отворено откако во октомври минатата година тој замина на специјални подготовки во Италија.

Таму работеше со кубанскиот специјалист, Сантијаго Антунес, кој им беше тренер на двајца од последните пет олимписки шампиони на 110 м  со пречки – Аниер Гарсија (Сиднеј 2000) и Даирон Роблес (Пекинг 2008).

Share.

Leave A Reply