Подобрена дисциплината на „Камп Ноу“

0

Дисциплината меѓу фудбалерите на Барселона од почетокот на сезоната е на повисоко ниво во споредба со минатата година.

Весникот „Спорт“ открива дека досега само двајца фудбалери добиле казни според внатрешниот правилник, додека во исто време пред една година на овој список беа дури седуммина. Арда Туран и Нејмар си дозволиле да задоцнат еднаш за тренинг и соодветно на тоа биле казнети со по 200 евра.

Според правилникот на Луис Енрике казната за задоцнување за тренинг е 200 евра, а за доцнење при собирањето на тимот пред натпреварот е по 800 евра. При секое следно повторно доцнење од даден фудбалер санкцијата се зголемува двојно. Минатата сезона фудбалероте на Барселона внесоа 11 000 евра во касата на клубот на име на казни, а рекордер беше Жерард Пике со 3200 евра. Собраните средства се донира на детскиот центар во Барселона.

Share.

Leave A Reply