Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата во договорот на Пол Погба, со која може да биде продолжен неговиот престој на „Олд Трафорд“ за уште 12 месеци или до летото 2022 година, објави – „Manchester evening news“.
Во принцип, договорот на фудбалерот ќе истече по крајот на сезонава, но, соработката ќе продолжи за уште една. Францускиот играч за врска се врати во Англија во 2013 година откако клубот му плати на Јувентус рекордни 105 милиони евра.
Погба неодамна изјави дека сака да оди во Реал Мадрид по што реагираше управата на „црвените ѓаволи“ и веднаш ја активираше клаузулата за негово останување во клубот.