Погба ќе мора да паузира неколку недели

0

Играчот на Манчестер Јунајтед Пол Погба ќе биде надвор од игра за неколку недели, откако вчера доби повреда на задната ложа на мускулот на левата нога.

Французинот го напушти теренот на „Олд Трафорд” во 18-та минута на дуелот со Базел, но тоа не го спречи неговиот тим да победи со 3:0 во првиот натпревар по враќањето во Лигата на Шампионите. По крајот на средбата Погба го напушти стадионот на патерици, а според Мурињо неговиот најскап фудбалер ќе биде надвор од теренот за неколку недели.

„Не знам колку е тешка точно повредата. Од искуство знам дека тоа е повреда на мускулот. Таквите повреди те острануваат од игра за неколку недели, но се уште не сум зборувал со медицинскиот тим. Затоа имаме широк состав. Нема да плачеме од повреди . Ако Пол не игра во недела, ги имаме Херера, Керик, Фелаини и Матиќ “, изјави Мурињо.

Share.

Leave A Reply