Јувентус ги продолжува разговорите со играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед , Пол Погба, за негово враќање во Торино. Желбата на Французинот е да заигра повторно за италијанскиот првак, а не да замине во Реал Мадрид.
Зделката сепак е комплексна и главниот проблем е платата на Погба, кој добива по 15 милиони евра по сезона во Англија. Раководството на Јувентус се обидува да најде начин да ги исполни неговите барања пред да продолжи со преговорите со Манчестер Јунајтед.