Погба неизвесен за градското дерби со Сити

0

Екипата на Манчестер Јунајтед може да биде сериозно ослабена за големото градско дерби со Сити во рамките на 12. коло од англиската Премиер лига, откако стана јасно дека Пол Погба може д аго пропушти мечот поради повреда.

Погба ги одигра сите 90 минути во натпреварот од 4-тата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите со Јувентус (2:1), но во петокот беше отсутен од тренингот на тимот. Натпреварот Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед ќе се одигра в недела на стадионот “Етихад“ и ќе биде голема штета доколку Мурињо не смета на еден од своите најдобри фудбалери.

Share.

Leave A Reply