Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, сè уште се надева дека ќе се врати во Јувентус. Деновите на Французинот на „Олд Трафорд“ завршуваат и тој ќе замине од екипата во текот на летото. Пред него има неколку опции, но желбата на играчот е повторно да се врати во тимот на „Старата Дама“ од Торино.
Се проценува дека во моментов само пет други клубови можат да си дозволат трансфер на Погба. Тоа се Манчестер Сити, ПСЖ, Баерн Минхен, Барселона и Реал Мадрид. ПСЖ не е опција за Французинот, кој во неколку наврати одби да се пресели кај Францускиот шампион, а отпаѓаат и Манчестер Сити и Баерн. Единствено шпанските гиганти би можеле да влезат во трка за него.