Пол Погба има намера да си замине од редовите на Манчестер Јунајтед бидејќи не е задоволен од односот со тренерот, Жозе Мурињо.
Французинот се активираше во Премиер лигата пред две години за 105 милиони евра, но, сега може да се врати во Италија за само 60 милиони евра бидејќи има таква клаузула во договорот.
„Тутомеркато“ денеска пишува дека репрезентативецот на „Галските петли“ кој се израдува на шампионскиот пехар во Русија, бил заинтересиран за новиот проект на Јувентус.